Екипата на Јувентус без пораз на првата позиција ја заврши есенската полусезона во италијанската Серија А. „Бјанконерите“ во последната рунда ремизираа 2-2 на гостувањето во Бергамо против составот на Аталанта.

Мечот изобилуваше со возбудувања. Во 2-та минута гостите поведоа со погодокот на Берат Џимици кој си ја затресе сопствената мрежа. Домаќините двасеттина минути подоцна изедначија со голот на Дуван Запата. Истиот фудбалер после еден час игра донесе водство за Аталанта, а во меѓувреме гостите останаа со фудбалер помалку, откако два жолти картони доби Бентакур. При негатива 2-1 и играч помалку тренерот на Јувентус го уфрли во игра Кристијано Роналдо. Португалецот врати на свој препознатлив начин. Успеа да постигне погодок кој на крајот се покажа доволен за реми и продолжување на серијата без пораз.

Во фокусот покрај овој меч беше и братската средба на клупата помеѓу Филипо и Симоне Инзаги. До победата стигна Симоне кој го предводи Лацио над Болоња со 2-0.

Резултати: Фросиноне – Милан 0-0, Фиорентина – Парма 0-1, Аталанта – Јувентус 2-2, Болоња – Лацио 0-2, Каљари – Џенова 1-0, Сампдорија – Киево 2-0, Рома – Сасуоло (18ч), Торино – Емполи (18ч), Спал – Удинезе (18ч), Интер – Наполи (20:30ч).

OhridNews