Екипата на Јувентус е првиот патник во финалето во Купот на Италија. „Бјанконерите“ пласманот во големото финале го обезбедија после елиминацијата на Интер со вкупен резултат (2-1).
„Старата дама“ ја искористи предноста од првиот натпревар во кој победи 2-1, затоа што вечерашниот меч во Торино заврши без голови и без победник 0-0.
Со пласманот во финалето, Јувентус покажа дека е на добар пат, бидејќи сезоната не ја започна како што треба и се уште има негатива во однос на водечките Милан и Интер на табелата во Серија А.
Противник на Јувентус во финалето ќе биде подобриот од дуелот Аталанта – Наполи. Првиот натпревар на „Диего Армандо-Марадона“ стадионот заврши 0-0.
OhridNews