Во 26. коло од италијанската Серија А, синоќа Јувентус на домашен терен одигра нерешено, 1:1 со градскиот ривал Торино.

Последниот пораз беше на крајот на ноември 2021 година – дома од Аталанта (0:1). Сепак, на последните четири натпревари Јуве има само една победа и три нерешени.

Јувентус моментално е 4. на табелата со 47 бодови.

Следни натпревари на „Старата дама“ се на 22 февруари со Виљареал во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и 27 февруари со Емполи во домашниот шампионат.

OhridNews