Поразот од Беневенто на домашен терен уште повеќе го оддалечи Јувентус од борбата за титулата во Серија А, но и ја прели чашата кај навивачите, кои побараа оставка од тренерот Андреа Пирло и продажба на Кристијано Роналдо. Првиот оперативец во „старата дама“ Фабио Паратичи им изрази доверба на Пирло и Роналдо, но заклучи дека резултатите не се совпаѓаат со очекувањата.

Секако, ова беше неочекувано. Во текот на годините им дадовме на фановите многу причини з радост, но денеска им дадовме само разочарување. Ова беше лош меч, но сезоната продолжува и треба да работиме. Ова сепак, не ги менува нашите стратешки определби. Имаме проект кој почна минатата сезона и еден натпревар нема да ја смени стратегијата. Претходните тренери не беа сменети поради лошите резултати, туку поради различни причини. Со пораз или победа, стратегијата не се менува. Среќни сме со тоа што го имаме и ќе работиме на подобрување. Ова е Јуве, го имаме Кристијано Роналдо, најдобриот играч на светот и одиме понатаму, – изјави Паратичи.

Пирло го истакна разочарувањето после поразот и веројатно изгубената титула во Серија А, но рече дека не чувствува притисок.

OhridNews