Составот на Интер предводен од „специјалниот“ Жозе Мурињо од клупата освои „триплета“ триумфирајќи во Серија А, Купот на Италија и Лигата на Шампиони во 2010 година. „Нероазурите“ се единствени со ваков успех во Италија покрај големите гиганти и ривали, какви што се Милан и Јувентус.
За историскиот подвиг и успех на Интер зборуваше Дејан Станковиќ, кој моментално е тренер на Црвена Ѕвезда.
Ние испишавме историја. Кога ќе помине одредено време и разбравме што направивме. На пример, Јувентус не може тоа го направи иако многу и констатно вложува во екипата. – рече Станковиќ во интервјуто за „Скај“.
Српскиот интернационалец во Интер се пресели од Лацио 2004 година и на „Џузепе Меаца“ остана до 2013 година, кога стави крај на кариерата.
Ерите во фудбалот почнуваат и завршуваат. Можам само да им заблагодарам на Масимо Морати и фамилијата за се што направија за нас. Клучна улога во историската сезона одигра Мурињо. Изборот на играчи, системот, каракактерот и самодовербата беше на високо ниво благодарание на Мурињо. Кога го победивме против Челси здрави останавме 13-14 фудбалери. Месец и половина го одигравме на „мускули“. Мурињо го вадеше најдоброто од нас. Едвај чекавме да дојде 22 мај и да ставиме точка на успешната сезона. – истакна Станковиќ.
Преостанати клубови со идентичен успех како Интер се Барселона, Манчестер Јунајтед, Ајакс и Баерн Минхен.
OhridNews