Екипите на Јувентус и Манчестер Јунајтед начелно се договорија за размена на Пабло Дибала и Ромелу Лукаку а за официјализација останува амин од Аргентинецот, кој треба да разговара со челниците од Олд Трафорд.

Како што пренесува италијанскиот „Скај спорт“, агентот на Дибала синоќа бил во Лондон и разговарал со управата од „црвените ѓаволи“ и во најскоро време ќе најдат заеднички јазик во сите детали. Во трансферот на Дибала ќе биде уклучен робусниот напаѓач Лукаку, кој нема веќе светлан идниа во Јунајтед.

Дибала пред неколку одлучил да остане во Торино и да се бори за место во супер конкуренција, но понудата од Манчестер Јунајтед го предомислила и побарал дозвола за трансфер односно преговори. Лукаку долго време беше трансфер желба на Интер, но по се изгледа ќе заврши во Јувентус и дополнително ќе го разгори ривалството во Серија А.

OhridNews