Екипите на Јувентус и Барселона, официјално ја реализираа трампата на фудбалерите Миралем Пјаниќ односно Артур Мело. Пјаниќ заминува во Барселона додека во Торино се преселува Артур Мело.
„Бјанконерите“ за услугите на Артур Мело ќе платат високи 82 милиони евра. Фиксната сума на трансферот е 82 милиони евра плус 10 милиони евра како бонуси. Барселона на сметката од Јувентус ќе префрли 60 милиони евра.
Пјаниќ со Барселона потпиша 4 годишен договор а Артур Мело се обврза на петгодишна соработка. Двајцата играчи ќе ги довршат сезоните во клубовите и потоа ќе ги реализираат трансферите.
OhridNews