Италијанскиот шампион Јувентус вината за новиот не успех на европско тло ја најде во тренерот Маурицио Сари, кој доби отказ по само една сезона на клупата.
„Старата дама“, синоќа, доживеа елиминација од францускио Лион во осминафиналето во Лигата на Шампиони. „Бјанконерите“ победија со 2-1, но Лион благодарание на минималната победа во првиот меч и гостинскиот погодок во Торино се пласираа во топ 8.
Со Сари на клупата Јувентус го освои само скудетото во Серија А, а во Купот на Италија изгуби од Наполи во финалето. Сепак, не опростлив кикс беше прераната елиминација во Лигата на Шампиони.
Како потенцијален кандидат за наследник на Сари се споменува Маурицио Почетино. Аргентинскиот стратег за сега е без ангажман после отказот од Тотенхем.
OhridNews