Италијанскиот првак Јувентус го официјализираше трансферот на 19-годишниот фудбалер Матијас де Лихт. Холандскиот репрезентативец успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на петгодишниот договор со клубот од Торино.
Холанѓанецот беше една од главните мети на трансфер пазарот, а Јувентус во трката успеа да ги совлада Барселона и Пари Сент Жермен. Ајакс за предвремениот раскин на договорот со Де Лихт ќе инкасира 75 милиони евра од Јувентус.
Де Лихт до сега е најзвучно засилување во Јувентус и општо во Серија А, а медиумите од апенините шпекулираат дека „старата дама“ влегува во преговори за Нејмар, кој би бил трансфер на деценијата во Италија.
OhridNews
Де Лихт пристигна во Торино, Јувентус доби супер засилување (видео)