Италијанскиот клуб Јувентус ќе плати одредени пенали поради Кристијано Роналдо, кој не одигра најмалку 45 минути во контролниот меч со најдобрите фудбалери во лигата од Јужна Кореја. Дуелот заврши без победник (3-3), но гледачите беа незадоволни од одлуката на тренерот Маурицио Сари да не го уфрли Роналдо во игра.

Организаторите на натпреварот нема да ја исплати целата сума на сметката од Јувентус за фудбалскиот спектакл и им се извина на навивачите за несаканиот инцедент. Роналдо на мечот не настапил поради повреда на мускулот.

  • Сакаме да им се извиниме на фановите за неиграњето на Роналдо поради проблеми со мускулот. Ќе обрнуваме повеќе внимание во иднина да не ги разочараме фановите на К лигата. – стои во соопштението од организираторот.

Мечот беше проследен и со други проблеми, Јувентус во Сеул пристигна само седум часа пред почетокот на мечот. Поради гужвата во сообраќај натпреварот доцнеше 50 минути од планираното.

OhridNews