Составот на Јувентус е старо нов првак во италијанската Серија А. „Бјанконерите“ ја продолжија доминацијата во италијанскиот фудбал одбранувајќи ја титулата. За тимот од Торино ова е деветта титула во низа, а 36-та во клупската историја.

Печат на титулата во „калчото“ избраниците на Маурицио Сари ставија со триумфот против Сампдорија 2-0 на домашен терен. Творци на победата беа Кристијано Роналдо и Федерико Бернандески. Роналдо погоди за 1-0, а Бернандески за конечни 2-0.

На две рунди од крајот на Серија А нема кој знае колку дилеми. Неизвесноста е дали Милан ќе игра во Лигата на Европа и дали Џенова ќе ја задржи предноста во однос на Лече во битката за опстанок.

Мечевите од 37-та рунда стартуваат утре.

OhridNews