Фудбалерите на Јувентус и без помош од Кристијано Роналдо го освоија целиот плен во Бреша победувајќи го истоимениот состав со 2-1 (1-1) во петтата рунда од Калчо лигата.

„Бјанконерите“ до трите бодови кои ги лансираа на врвот од табелата стигнаа со пресврт, откако имаа негатива 1-0. За домаќините во 4-та минута погоди Алфредо Донарума. Работите под контрола Јувентус ги врати во 40-та минута со авто голот на домашниот голман. Во 63-та минута Миралем Пјаниќ со одмерен удар од 16-ет метри ја затресе мрежата на Бреша и донесе предност која гостинскиот состав ја задржа до крај.

Јувентус лидер на табелата ќе остане најмалку до утре кога довчерашниот предводник Интер на домашен терен против Лацио ќе го одигра мечот од петтата рунда во Серија А.

OhridNews