Државниот санитарно-здравствен инспекторат утврдил низа пропусти во масовното тестирање на членовите на кумановскиот Кризен штаб.

Како што информираше на денешната прес конференција директорката на инспекторатот Иринка Бухова, првото тестирање на 12-ти април било изведено во зградата на општината како скрининг без дозвола од министерот за здравство како што е наведено во законот, за што одговорна е епидемиолошката служба во Куманово.

  • Прво, брисевите се земани како скрининг без епидемиолошка анкета, што е спротивно на член 27 од Законот за заштита на населението, затоа што не може да се изведе без дозвола од министер. Вториот прекршок што е нотиран е поради земање на брисеви во несоодветен простор, односно во општинската зграда, рече Бухова.

Бухова изјави дека пропусти се евидентирани и во однос на тестирањето на кумановскиот градоначалник во Скопје. Според неа, пропусти има во заведувањето на патувањето на итната помош, излегување од изолација без дозвола од матичен лекар на кого пациентите не му се пожалиле дека се влошува состојбата, итен упат за инфективна клиника во Скопје. При тоа, градоначалникот Максим Димитриевски и регионалниот шеф на ЦУК Горан Стојановски не отишле во инфективната клиника, туку биле да се тестираат во приватни лаборатории во Скопје.

За двајцата пациенти, бидејќи излегле без дозвола законот за заштита на населението од заразни болести, се предвидува казна од 300 до 600-тини евра.

OhridNews