Утврдена динамиката за реализација на одобрените проекти за Вевчани во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година на одржаниот коорднативен состанок помеѓу градоначалникот Спасе Кочовски и директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска.

Во текот на наредната недела договорено е да отпочнат потребните постапки за избор на економски и оператори за реализација на градежни работи за изградба на локална улица Попој-Млака и реконструкција на кујната во детската градинка ЈОУДДГ Планински цвет Вевчани, информира градоначалникот Кочовски.

Истовремено, додава, во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион во тек е подготовка на нови предлог проекти за кои ќе бидат обезбедени средства во наредната година.

Во нив спаѓаат реконструкција на дел од локалната улица Трафо-Бубаној-Смолјеца, на потегот од Попој-до Смолејца, изградба на нов енергетски ефикасен систем за греење на објектот на детската градинка ЈОУДДГ Планински цвет Вевчани со цел замена на котелот на течно гориво со нови енергетски ефикасни топлотни пумпи воздух-вода, како и поставување на нов систем за вентилација на занималните во детската градинка со рекуператори со кој ќе се овозможи обезбедување на неопхпдниот свеж воздух за дечињата во занималните без отворање на прозорци, додава Кочовски.

Потенцира дека во текот на 2023 година преку реализација на неколку инфраструктурни проекти за кои веќе биле обезбедени финансиски средства ќе се изгради и реконструира значителен дел од локалната патна инфраструткура во Општина Вевчани, додавајќи дека и како признаена “зелена дестинација“ посветено се работи на реализација на иновативни и зелени практики во Општина Вевчани.

OhridNews