Државната изборна комисија (ДИК) со ждрепка го утврди редоследот на листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за претстојните парламентарни избори на 1 јуни.
Во петтата изборна единица, каде спаѓа и Охрид, има 12 кандидати. Прва е Социјалдемократската партија на Македонија, ДУИ е на 2-то место, Коалицијата „Сонце“ на 4-то, ДПА на 10-то, а Коалицијата „За подобра Македонија“ на 12-то место. Листата на „За подобра Македонија“ ја предводи Антонио Милошоски, на „Сонце“ Јани Макрадули, на ДУИ Фазли Велиу, а на ДПА Арбен Џафери.
ohridnews