На 8 септември по повод денот на Независноста на Македонија во Охрид по 29-ти пат ќе се одржи меѓународниот Атлетски маратон.
Патеката од Свети Наум од Охрид долга 30 километри е една од најтешките на Балканот и бара максимална физичка подготвеност на маратонците.
Организаторите недела дена пред одржувањето на маратонто го утврдија наградниот фонд кој вкупно изнесува 2 500 евра поделени во машка и женска конкуренција.
Наградата за победа во машка конкуренција изнесува 800 евра, второ место вреди 400 евра додека третата позиција носи 200 евра.
Кај женските првото место на пиедесталот носи 500 евра, втората позиција 250, а третата 100 евра.
Дополнителни награди и мотив има за македонските атлетичари кои ако не се првите три ќе заработат по 50 евра.
За срушувањето на рекордот на патеката во машка и женска конкуренција награда изнесува 100 евра.
Стартот на маратонот е на 8 септември во 9 часот, а не како што беше во минатото во 10 часот.
На адреса од организираторот за сега се стигнати 60 пријави за учество, а до понеделник се очекува бројката да порасне до 100 атлетичари.
Ohridnews