Во тек е постапката за избор на нов Декан на Факултетот за туризам и угостителство, откако местото на прв човек на оваа високообразовна институција се испразна по изборот на професор Д- р Сашо Коруновски за Ректор на Универзитетот „ Св. Климент Охридски“ во Битола.

Наставно научните организациски единици до Наставно научниот совет при ФТУ како единствен кандидат за Декан го доставија името на Професор Д- р Цветко Андреески. Предлогот е испратен до Сенатот на битолскиот Универзитет од каде и се чека конечната одлука која мора да биде донесена најдоцна до почетокот на новата академска година.

Т.К: