Блиски роднини го идентификувале телото на удавената жена.
Според кажувањата на блиските роднини, давењето се случило само еден час откако таа излегла од дома во 10 часот утрото. Откако не се вратила дома, нејзини блиски пријавиле исчезнување во струшката полиција.
Според информации на МВР, Шефаете имала психичко растројство и долго време се лекувала со соодветни терапии.
Обдукцијата покажала дека нема траги на насилство и оти причина за смртта било задушување на дишните патишта со вода.