Германската полиција го утврдила идентитетот на 32 напаѓачи во рамките на безредијата во новогодишната во Келн, кога 90 жени пријавија сексуални напади и ограбувања а имаше и еден случај на силување, од кои 29 се доселеници, изјави портпаролот на германското министерство за внатрешни работи Тобијас Плате.

„Можам да ви дадам бројки, со кои располага федералната полиција. Според состојбата од вчера навечер…. федералната полиција го утврдила идентитетот на 32-ца, од нив 31 се познати по имиња и ќе им бидат поднесени обвиненија за напади и кражби“, изјави Плате.

„Во полицијата, исто така, имаше и пријави за сексуални напади, во моментов ги има само три“, го цитира агенцијата ДПА портпаролот на германското министерство за внатрешни работи.

„Од 31 познат напаѓач…. 9 се алжирски, 8 се марокански, 4 се сириски државјани…, а исто така двајца се државјани на Германија“, според Плате кој прецизира дека 29 лица имаат „некој вид жителство“ односно дозвола за престој.

Истовремено јавното германско радио повикувајќи се на полициски извори објави дека кај двајца приведени во врска со новогодишните напади во Келн, во нивните мобилни телефони биле најдени видео снимки направени за време на безредијата.Полицијата во Келн сé уште не ја потврди оваа информација, во врска со настаните коишто ја усвитија јавната дебата во Германија во однос на миграциската политика на владата, во земјата којашто во текот на 2015 година прими 1,1 милион баратели на азил, далеку најмногу во Европа.

Во Келн, околу илјада мажи на возраст меѓу 18 и 35 години, со арапски и североафрикански изглед според сведочењата на очевидци и некои полициски извештаи, неколку часа пред настапувањето на Новата година се собрале на плоштадот во близина на познатата Келнска катедрала и централната железничка станица. Тие, според полицијата, се поделиле во помали групи и систематски ги изделувале од масата луѓе која прославувала жените кои потоа ги ограбувале и сексуално го злоставувале.

До петокот само во Келн во полицијата се поднесени повеќе од 120 пријави од жртви, во кои се наведени случаи на малтретирање, силувања, сексуално и физичко насилство и кражби. Околу 50 пријави обработува и полицијата во Хамбург, а пријави за слични инциденти има и во Берлин и во Штутгарт, но засега е непознато дали тие се меѓусебно поврзани.

OhridNews

извор Макфакс