Утврден е Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во кој се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции, информираа од Владата на РСМ.

Со новите законски измени се предвидува да биде формирана агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели, да се  овозможи извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели. Со законските измени ќе се  обврзуваат компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10% од нето добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот.

Средствата собрани на оваа посебна сметка ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес, информираат од Влада.

OhridNews