Утрово до 8:30 часот во Охрид измерени се 19 степени Целзиусови. Најсвежо било во Лазарополе, 14 степени, а најтопло, 25 степени, е во Демир Капија, по што следи Скопје со 24.
Според УХМР, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде од 32 до 39 степени. UV=9
Во Охрид сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 33 степени.
Г.М.