Утрово во Охрид се измерени -4 степени информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Во текот на изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, во Охрид наврнале 19 l/m2 воден талог, а висината на снежната покривка е 12 сантиметри.
Температурата низ другите градови во Македонија изнесува -8 Маврови Анови, -7 Крушево, -5 Берово, -4 Тетово, Дебар, Крива Паланка, -3 Прилеп, Битола, Претор -2 Виница, Куманово, Скопје-Петровец, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Струмица, 0 Велес, Дојран, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2) е 28 во Дебар, 27 Демир Капија, 25 Маврови Анови, 22 Попова Шапка, Претор, 21 Тетово, 19 Битола, 13 Берово, 12 Дојран, Струмица, 5 Прилеп, 4 Крива Паланка, 2 Ѓуриште, Виница, 1 Штип, Кавадарци.
Висината на снежната покривка во 7 часот (во cm) е 25 во Дебар и Маврови Анови, 22 Битола, 21 Попова Шапка, 18 Демир Капија, 16 Тетово, 15 Берово, Крушево, 14 Ѓуриште, Претор, 10 Струмица, Дојран, 9 Скопје – Петровец, 7 Прилеп, 6 Крива Паланка, Штип.
OhridNews