Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во седум часот изутринава во Охрид била измерена температура од -7 степени целзиусови.
Утрово најстудено според измерените температури било во Маврово со -15, во Берово и Крушево -14, во Лазарополе -13, во Скопје и Крива Паланка -10, во Битола, Штип и Претор -8, во Куманово, Прилеп, Тетово, Струмица, Виница, Демир Капија, -7 и во Гевгелија и Дојран се измерени -4 степени целзиусови.
Метеролозите за денеска најавуваат претежно сончево време со слаб до умерен ветер од севроисточен правец. Температурата денеска ќе се движи од 1 до 9 степени.
Според прогнозите, до петок времето ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен правец. Утринските температури и понатаму на повеќе места ќе се спуштат под -3 степени, а дневната температура ќе биде во пораст. За време на викендот повторно ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено на запад.
OhridNews