Утрово во Охрид измерени се 8 степени Целзиусови, додека најстудено, три степени, било во Берово.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 23 степени.
Во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.
Г.М.