Министерството за здравство во координација со Центарот за јавно здравје од Охрид, утрово ја спроведе вонредната авионска дезинсекција во Охридскскиот регион.
На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата беше опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското Езеро по течението на Коселска река, а во градското подрачје во зоната на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Далјан.
На територијата на општина Дебрца се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништа по течението на реката Сатеска, како и во зоната на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.
Поради запрашувањето против комарци, пчеларите беа известени да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат сите потребни мерки за нивна заштита. Препаратот со кој се вршеше запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Ова е втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство во текот на оваа година. Според најавите, освен Охридскиот регион, со дезинсекцијата ќе бидат опфатени и подрачјато на Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Кочани, Струмица, Штип и Велес.
OhridNews