Безживотното тело на охриѓанецот Фадил Брао утрово било пронајдено во атарот на охридското село Расино. Телото и автомобилот биле пронајдени во 6 часот од страна на група ловџии, се вели во објавите на социјалните мрежи.

Со ова заврши потрагата по охриѓанецот по апелите на семејството, а кој се водеше за исчезнат неколку дена.

OhridNews