Засега не се знае што точно се случило утрово со оваа социјална мрежа и кој бил проблемот. Од шест до девет часот наутро корисниците од овие држави не можеле да се вклучат на своите профили, а проблеми се појавиле и во Египет и Јужна Африка.
По прекинот, мрежата повторно функционира, но со повремен застој.
На интернет форумите се појавија сомневања дека ова е дело на интернационалната хакерска група „Анонимуси“, кои претходно се закануваа дека ќе го нападнат Фејсбук.