Времето денеска – утрото посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Охрид утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.

УХМР најави дека и во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студено утро.

Во четврток ќе има зголемена облачност, а попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд. Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално, информираа од УХМР, ќе има услови за појава на невреме.

OhridNews