Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Охрид утрото посвежо, а преку ден сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Синоптичарите најавуваат период на релативно топло време. Утре и задутре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа, следува стабилно време со пораст на температурите.

OhridNews