Граѓаните на Охрид доживеаа температурен шок откако живата во термометарот од +24 деновиве, утрово се спушти под нулата.
залади време е за огрев
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека Македонија се наоѓа под влијание на студен бран од север кој ќе предизвика драстичен пад на температурите, а на планите можни се и врнежи од снег.
да се стокмат дрвата пред студот
Со заладувањето започнува и грејната сезона. Граѓаните ги вршат последните подготовки, се “токмат“ дрвата за огрев и се прави математика дали ќе стигнат до пролет. Останатите кои се греат на струја се прашуват колкави сметки ќе добиваат во студените месеци. Секој со маката…
фото: Васко Бујароски