Најстудено утрово беше во Берово каде беа измерени – 6 степени, во Маврови Анови, Битола, и Демир Капија – 3, во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Прилеп и Струмица – 2, во Охрид, Велес и Попова Шапка – 1, во Гевгелија, Кавадарци и Претор 0, во Тетово, Виница и Скопје-Зајчев Рид еден, во Крушево два и во Дојран четири степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка и тоа само седум сантиметри.

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува претежно северен ветер.

Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Г.М.