„Игроорците беа само наши гости и ресторанот нема никаква врска со нивните здравствени проблеми, така ни потврдија од Заводот“, велат од Управата, од каде што реагираат дека нивната кујна не треба да се поврзува со труењето на игроорците. Сите заболени на 6 август биле на изворот во Свети Наум во близина на црквичката и по враќањето добиле стомачни проблеми. „Од 230 гости кои се хранеа во ресторанот, игроорците се единствените кои добија стомачни проблеми“, уверуваат од Управата на „Еуротел“. Кујната се’ уште е затворена и денес се очекува санитарните инспектори да направат увид. Во Државниот здравствено-санитарен инспекторат (ДЗСИ), пак, велат дека не сакаат да го посочат виновникот за труењето се’ додека повторно не излезат на терен и не го видат извештајот на епидемиолозите“, пишува „Утрински весник“.
Утрински: Загадената чешма причина за труењето на игрaорците?
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com