Изложбата „Издигнување“ на авторот Христијан Томаноски утре, 25 октомври, ќе биде отворена во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во  19.00 часот.

Насловот „Издигнување“ е инспирација од стиховите од воведните песни на збирката на Ш. Бодлер „Цвеќињата на злото“. Низ неколку дела проткаени се и други стихови од повеќе автори, поврзувајќи и надополнувајќи ги делата со цел проширување на просторот на самите дела. Комбинирањето на повеќе стилови и техники во творењето на дигитални и традиционални скици, илустрации и дизајни во различни ми помогнаа да ја поставам основата за креирањето на визуелниот јазик на оваа изложба. Сега целта, е еден кохерентен јазик на комбинирање на едноставноста и експерименталноста на графиката изразена преку илустративен пристап.

Авторот Христијан Томаноски е роден во 1985 г. во Струга. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со насока графички дизајн. Работел како едукатор за визуелни уметности и дизајн. Се занимава со графички дизајн, илустрација. Еден од основачите на здружението ИНКА. Работел на сценографијата на СВП, и како дел од тимот за продукција на фестивалот. Од 2018 година работи како соработник за визуелни уметности во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.

OhridNews