Јавната презентација и јавната расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид ќе се одржи утре во големата сала на општината со почеток во 11 часот.
Од Општина Охрид потенцираат дека сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќаат на е_маил: [email protected] или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk од 15.03.2024 до 14.04.2024 год.
OhridNews