Утре ќе се избираат 47 обвинители во осумнаесет јавни обвинителства низ државава. Изборот на обвинители е на дневен ред од 20-та седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.
Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје. Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители, додека во Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.
По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.
Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.
OhridNews