Заради изведување на градежни активности, утре, 4 октомври, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Димитар Влахов“, на потегот од пресекот со улица „Караорман“ до пресекот со улица „Јане Сандански“, информираат од Општина Охрид.

Сообраќајот на овој потег од улицата ќе биде прекинат во периодот од 7 часот до завршување на градежните активности. Местото на изведување на градежните работи ќе биде соодветно означено и обележано, велат од Општина Охрид.

OhridNews