Културното Уметничко Друштво „Плетенка” од Охрид, утре го организира својот втор меѓународен фолклорен фестивал насловен како „Плетенка“.
Настанот ќе започне во 18 часот со дефиле по охридските улици, а свеченото отворање на фестивалот кое ќе се оддржи на плоштадот кај чинарот, започнува од 19 часот.
На фестивалот ќе учествуваат многу домашни и странски групи, а на сцената ќе продефилираат учесници од Бугарија, Турција, Босна и Херцеговина, Русија, односно домашните КУД Плетенка, КУД Охриѓанка и Ансамбл Филиграни, како и една група од Богданци.
OhridNews