Од утре започнува програмата што Општина Охрид ја организира за најмладите во рамки на проектот „Културата расте со децата“. Во оваа насока во ООУ „Свети Климент Охридски“ Охрид (училишна сала за претстави) ќе биде изведена детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта.

Дали сте подготвени за една нова вселенска авантура? Дојдете заедно ќе влеземе во мисија да ја спасиме роденденската торта на Вселенко! Вие растете со културата, а културата расте со Вас, велат организаторите.

Во претставата играат Изабела Јакимова, Гоце Андонов и Анастасија Ласовска како дел од актерска екипа на „Театар за тебе“.

Претставата ќе биде изведена утре со почеток во 12:00 часот; а влезот е слободен.

OhridNews