Утре, 18 август, од 09.30 до 12 часот во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Eзеро“.

Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што, утре ќе се одржи Централната свеченост по повод 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија. Поради утрешниот значаен настан, апелираме, граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција, посочуваат од СВР Охрид.

OhridNews