Советот на Општина Охрид утре ќе ја одржи педесет и петтата вонредна седница со почеток во 9 часот во општинската зграда.

На дневен ред се Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година, Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година и Предлог-одлука за одобрување финансиска помош за семејствата на починатите лица и за повредените лица во пожарот во Кочани од 16.03.2025 година.

OhridNews