Утре, 25-ти декември, со почеток во 11 часот ќе се одржи вонредна седница на советот на општина Охрид.На дневен ред е една точка-избор на вршител должност градоначалник на општина Охрид.

Се очекува советничкото мнозинство да го даде својот предлог за вршител на оваа должност, по што ќе с епобара поддршка и од останатите советници.

Неофицијално, од страна на советничкото мнозинство ќе бид епредложен актуелниот заменик градоначалник, Константин Георгиевски.

OhridNews