Охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ и Народен театар Охрид, во соработка со Народен Театар Слојштица, Ве покануваат да ја проследите тетарската претстава „Приказните на заборавените предци” – според приказните на Дедо Илија Кочовски. Претставата ќе се изведе утре, сабота, во малата сала на Центарот за култура, со почеток во 20.00 часот, влез 100 денари.
Претставата е во режија на Андреј Цветановски, а играат актерите: Дамјан Цветановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски и Исидор Јованоски. Подготвена е според кажувањата на дедо Илија Кочовски чии приказни беа материјал за создавање на претставата.
Својата премиера на 28-ми август во село Слоештица како дел од фестивалот Славење на пирејот кој се одржа по десетти пат.
OhridNews