Утре во Струга завршува караванот за вакцинација. Во перидот од 11:00-15:00 часот на новото шеталиште граѓаните ќе можат да се вакцинираат и да добијат најнови информаци за КОВИД-19.

Освен можностите да се прими вакцина против КОВИД-19 во локалните заедници, медицински екипи, придружувани од волонтери на Црвениот крст и студенти од медицински здруженија, споделуваа веродостојни информации за вакцинирањето против КОВИД-19, како и за придобивките од вакцинацијата и ризиците од одложување. Се даваа и информации за локациите и работното време на најблиските здравствени домови, каде има вакцини на располагање за сите, информираат од Министерството.

Согласно последните податоци од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, околу 41,2 отсто од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози. Голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици од КОВИД-19. Невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смрт од КОВИД-19 во споредба со тие кои биле вакцинирани.

Вакцините се многу побезбеден начин да се развие имунитет од КОВИД-19, отколку прележување на вирусот и докажано нудат посигурна заштита од природниот имунитет. Третата доза обезбедува континуирана заштита од тешка болест и смрт предизвикани од КОВИД-19 и им помагаат на луѓето да развијат максимална заштита од сите варијанти на вирусот, порачуваат од Министерството за здравство.

OhridNews