Промоција на најновата збирка поезија „Љубов распослана по морето”, од истакнатиот хрватски поет Валерио Орлиќ, утре со почеток во 12 часот, во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Воедно ќе биде претставен и неговиот творечки опус, кој опфаќа над 25 објавени дела во Хрватска и уште десетина други земји. Настанот е дел од големата турнеја по Македонија и Албанија, како и неговата земја Хрватска, каде, Орлиќ ќе биде гостин на 21-те по ред „Јадрански книжевни средби” во Црквеница, Хрватска, од 3 јуни и ќе му биде претставено неговото книжевно создавање, информираат од Библиотеката.

Покрај во Охрид, Орлиќ ќе биде претставен и во Битола на 31 мај, а во меѓувреме, ќе учествува на поетскиот фестивал „Поетски вечери” во Корча Албанија, од 28 мај.

Орлиќ е добитник на низа домашни и меѓународни признанија за неговиот придонес во книжевноста во Хрватска, Македонија, Италија, Словенија, Србија, Бугарија, Полска, Унгарија и други земји.

OhridNews