Со низа свечености се одбележуваат Деновите на српска книжевност во Македонија со поддршка на Почесниот Конзулат на Република Србија во Охрид, Министерството за надворешни работи на Р. Србија, Министерството за култура на Р. Србија, Матица Српска и Град Битола.
Покрај настанот кој се одржаа на 22 ноември во Скопје, за денес предвидени се низа настани да се одржат и во Битола.
Во рамки на програмата утре во Охрид предвидена е посета на Почесниот Конзулат на Република Србија и средба со почесниот конзул Михајло Филев, како и книжевно читање на српски автори. Во текот на утрешниот ден за присутните предвидена и посета на културно историските споменици во градот.
Н.С.Ј.