Утре во 18 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески Минта со наслов “33 Христос живот за спас на човештвото“.

На изложбата ќе бидат изложени 33 микроекспонати, уметнички дела, рачно изработени на сребрени плочки во периодот од 08.09.2024 година до 14.09.2024 година. 33 уметнички дела од семејството сребрен накит, годините кои ги живееше Тој на земјата до неговата маченичка смрт за спас на човештвото, вели авторот Митрески.

Изложбата ќе биде остворена за посетители од 8 до 15 септември во периодот од 9 до 20 часот во Куќата на Робевци.

OhridNews