Со пригодна церемонија, утре, на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ќе биде пречекан авионот од Виена со што се означува стартот на директните летови Охрид-Виена со авиокомпанијата Wizz Air.

Како што е најавено, пред присутните ќе се обратат: Алпер Ерсој, генералниот директор на ТАВ Македонија, Љупчо Јаневски, директор на Агенција за туризам, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, како и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Освен до Виена, во моментов на охридскиот аеродром има уште две редовни авиолинии до Базел и Цирих.

OhridNews