Советниците утре со почеток во 9 часот ќе ја одржат педесет и втората седница на Советот на Општина Охрид. На дневен ред се 17 точки меѓу нив одлуките за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното и земјоделското земјиште за календарската 2025 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година, определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, одржување на јавната чистота и паркови и зеленило, управување со отпад…
Советниците ќе расправаат и за одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор, како и за давање согласност на измени на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2025 година.
Повеќе детали за дневниот ред на линкот.
OhridNews