Советниците утре со почеток во 9 часот, ќе ја одржат четириесет и осмата седница на Совет. На Дневен ред се 25 точки кои се однесуваат на измени и дополнување на програмите, изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2024 година, долгорочно задолжување на Општина Охрид во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), како и воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Неготино.
Советниците ќе распрваат и за формирање Комисии за избор на членови во Управни и Наздорни одбори во јавните претпријатија.
Повеќе информации за Дневниот ред на линкот.
OhridNews