Вкупно 22 пливачи поделени во машка и женска конкуренција, утре со почеток во 12 часот, ќе учествуваат на 32-то издание на Охридскиот пливачки маратон организирано од Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) под покривителство од Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Патеката „Климе Савин“ долга 25 километри е четврта во Ултра Гран при серијата од ФИНА и според конкуренцијата ќе биде една од најдобрите сезонава.

  • На неполни 24 часа до почетокот на Охридскиот пливачки можам да кажам дека се е подготвено и сите можеме да со насочиме кон борбата на пливачите. Сите проценки кажуваат дека трката ќе биде возбудлива, а истото и јас го посакувам и победа на некој од трите македонски пливачи. – изјави првиот човек на ПФСМ, Александар Маленко.

Тој откри дека во соработка со португалската компанија „lap2go“ целата патеката ќе биде електронски покриена и ќе можат резултатите да се пратат онлајн. Овој систем успешно дебитираше на ЛЕН трката на 10 километри која се одржа во Охрид минатата недела.

Претставникот од Светската пливачка организација (ФИНА), Жан Пол Нарс рече дека се е под контрола и задоволени се сите потребни критериуми за одржување на маратон во Ултра серијата.

  • Во Охрид се враќам после подолго време. Во минатото доаѓав како тренер на различни пливачи а сега доаѓам како технички делегат. Езерото е многу убаво, му буди убави спомени и многу ми е мило што ќе бидам дел од овој 32 маратон во Охрид. – потенцираше Пол Нарс.

Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и Леонид Мишевски се тројцата македонски претставници. Наградниот фонд е 15 000 долари.

Мх.П.